
Еразмус+ мобилност: Јашар Дестаноглу од Истанбулски Универзитет Сабахатин Заим на МСУ
25 март 2025
МСУ на Еразмус+ комбинирана интензивна програма организирана од Великотрновскиот Универзитет
31 март 2025Во рамките на редовните академски активности, проф. д-р Ана Чучкова ги вклучи Еразмус+ студентите од Универзитетот во Малта во работилница од областа на психологијата. Студентите моментално се на мобилност на Меѓународен Славјански Универзитет. Тие студираат на Факултетот за психологија, а нивното учество придонесе за збогатување на работилницата преку споделување на различни искуства, културни перспективи и професионални знаења.
Настанот се одржа во пријатна и интерактивна атмосфера, отворајќи простор за продуктивна дискусија на актуелни теми од областа на психологијата.
Ова предавање претставува уште еден доказ за заложбата на МСУ да овозможи квалитетно, современо и интернационално образование за своите студенти, како и за успешно спроведување на програмите за мобилност преку Еразмус+.






