Михаела Ѓорчева – говорник од Меѓународен Славјански Универзитет во Давос
25 јануари 2025МСУ и ЖРК ОП Славјански Универзитет доделија награда на Кирил Лазаров на манифестацијата „Асовите бираат асови“
24 февруари 2025Меѓународен Славјански Универзитет ги поканува своите студенти да се пријават за учество во Blended Intensive Program (BIP) на тема „Project Development“, кој ќе се одржи во Велико Трново, Бугарија.
Основни информации
- Физичка мобилност: 24.03.2025 – 28.03.2025
- Виртуелна мобилност (онлајн предавања): 05.04.2025, 06.04.2025, 12.04.2025, 13.04.2025
- Локација: Великотрновски универзитет „Св. Св. Кирил и Методиј“, Велико Трново, Бугарија
Колку учесници се потребни?
Потребни се вкупно 5 студенти.
До кога е пријавувањето?
Можете да се пријавите најдоцна до 14 февруари 2025 година. По пријавувањето ќе бидете контактирани од нашите служби за повеќе детали.
Критериуми
- Да сте редовен студент на Меѓународен Славјански Универзитет
- Валиден пасош
- Солидно познавање на англиски јазик
Аплицирање
За пријавување, Ве молиме пополнете ја следнава апликација и ќе бидете контактирани од страна на нашиот тим.
За дополнителни прашања Ве молиме обратете се на erasmus@msu.edu.mk.
Напомена: Предност имаат студентите кои не се учествувале во Еразмус+ активности.
Апликацијата е затворена.