Студентите од прв и втор циклус студии на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет, во текот на месец декември успешно реализираа практична настава во ЈЗУ Психијатриска болница „Скопје“ (с. Бардовци).
Практичната настава се реализира секоја година како дел од наставната програма по дел од предметите кои ги изучуваат студентите. Наставата се реализира под менторство на проф. д-р Диана Белевска, доц. д-р Јана Белевска и доц. д-р Милена Спасовска, во согласност со договорот за соработка помеѓу болницата и универзитетот.
Годинава студентите активно учествуваа и во прославата по повод новогодишните и божиќните празници, организирана од страна на болницата и корисниците на нејзините услуги. Како дел од нивниот хуманитарен ангажман, студентите и универзитетот обезбедија подароци, храна, хигиенски производи и облека за корисниците, потврдувајќи ја својата посветеност кон општествената одговорност и заедницата.
Овие активности се значаен дел од образовниот процес, истовремено поттикнувајќи емпатија, професионализам и етички вредности кај студентите.