Во седмата епизода од студентскиот поткаст „На студентско кафе со…“ гостуваше Стефанија Арсова, студентка на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет. Стефанија Арсова е првата студентка која гостува на нашиот поткаст и со неа зборувавме на теми поврзани со студентскиот живот на МСУ и Факултетот за психологија.
Слушнете го нашиот разговор:
Софија Радончиќ, претседател на Здружението на студенти на МСУ, го водеше интервјуто и поставуваше прашања.
Бидете дел од овој наш проект и придружете ни се секоја сабота за нова епизода од поткастот „На студентско кафе со…“.
Ве покануваме да предложите тема и професор со кој би сакале да разговараме. Вашите идеи се секогаш добредојдени и ќе ни помогнат да го направиме поткастот уште поинтересен и порелевантен за вас. Вашите коментари и предлози може да ги испраќате преку формата дадена подолу.
Следете не и останете во тек со најновите епизоди!