2 стипендии за магистерски студии (туризам и културно наследство) во Узбекистан
7 август 2024Меѓународен Славјански Универзитет во октомври ќе учествува на Global Education Summit 2024 во Индија
18 септември 2024Студенти од Здружението на студенти при Меѓународен Славјански Универзитет беа дел од младинската размена во Милковени, Романија како партнери во Еразмус+ проектот Inclusive ACTtions. Активностите од проектот започнаа на 2. август и се одвиваа до 8. август, а на младинската размена учество земаа организации и претставници од Романија, Србија и Унгарија.
Целта на проектот беше да се поттикне чувството на заедница и инклузивност помеѓу различни младински групи, преку заеднички активности и образовни работилници. Овој проект се фокусираше на промоција на социјална инклузија, разбирање и почитување меѓу младите од различни држави.
Нашите студенти покажаа голема посветеност и ентузијазам во текот на целата размена, активно учествувајќи во сите активности и придонесувајќи кон успехот на проектот.