На 17. и 18 мај. 2024 година, во организација на Факултетот за бизнис и право при Универзитетот „МБ“ од Белград, Република Србија, се одржа VII Меѓународна научна конференција на тема: „Современите предизвици во менаџментот, економијата, правото, безбедноста и информациското општество“.
На конференцијата активно учество земаа и професори од Меѓународен Славјански Универзитет, меѓу кои беа проф. д-р Иван Ефремовски, декан на Факултетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет, вонр. проф. д-р Марија Гроздановска, доц. д-р Милена Спасовска и доц. д-р Емилија Ицоска.
Нашите професори ги презентираа своите научни трудови и учествуваа во дискусиите, придонесувајќи кон размена на знаења и идеи во рамките на темите на конференцијата. Нивното учество беше од особена важност за подобрување на академската соработка и размена на научни сознанија меѓу двата универзитети.
Присуството на оваа конференција го означи почетокот на нова фаза на меѓународна соработка помеѓу Меѓународен Славјански Универзитет и Универзитетот „МБ“ од Белград. Оваа соработка неодамна беше официјализирана со потпишување на меморандум за соработка, кој постави основа за идни заеднички проекти, истражувања и академски размени.
Овој настан ги зајакна врските помеѓу нашите институции и ја истакна важноста на меѓународната соработка во справување со современите предизвици во областа на менаџментот, економијата, правото, безбедноста и информациското општество. Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да се стреми кон унапредување на научните и академските активности преку активно учество во меѓународни конференции и проекти.