На 24 март (петок) со почеток од 11:00 часот се одржа предавањето по повод Глобална недела на пари 2023 на МСУ во Свети Николе. На предавањето присуствуваа студенти од Меѓународен Славјански Универзитет. Предавањето го водеше Маријан Николовски, член на Управен одбор на Триглав пензиско друштво.
Нашите гости на студентите им го презентираа македонскиот пензиски систем, како и правата и обврските кои произлегуваат од моментот кога за првпат ќе се вработат. Дознаа како можат да се зачленат, кој треба да ги информира, од кога треба да размислуваат за нивната пензија, како нивните пензиски заштеди се инвестираат од пензиските друштва и други важни информации кои треба да ги знае секој млад човек.