На 9 декември во 20:00 часот во Киноверзум – 3D кино во Свети Николе премиерно ќе биде одиграна монодрамата Петте фази на преболувањето. Киноверзум, единственото универзитетско 3D кино во земјава доделува 50 бесплатни влезници за студентите на Меѓународен славјански универзитет.
Сѐ што треба да направите е да ја пополните формата која е објавена на оваа страница. Секој учесник може да аплицира за една или две влезници.
Добитниците на влезници ќе бидат избрани по случаен избор и нивните имиња ќе бидат објавени на оваа страница. Листата на добитници ќе биде објавена на 8 декември (четврток) до 15.00 часот.
Добитниците можат да ги подигнат влезниците директно во Киноверзум.
Редовната цена на влезниците е 150 денари, а за студентите на МСУ е 100 денари.
Апликацијата е затворена.