Студентски блог: Патот до среќата – Марина Гоцевска
29 мај 2021Упатство за електронска пријава за испит за Јунска сесија 2021
29 мај 2021Почитувани студенти,
Ве известуваме дека пријавувањето за јунската испитна сесија ќе се врши онлајн преку страницата Е-школарина.
Распоред
Распоредот за испитната сесија е објавен на Е-учење:
Линковите ќе ги добиете на Вашите е-адреси кои ќе ги запишете кога ќе ги пријавувате испитите.
Пријавување на испитите
Кликнете овде за да добиете повеќе информации во врска со пријавувањето за јунската испитна сесија.
- Пријавувањето и полагањето на испитите во јунската сесија ќе се одвива електронски.
- Пријавувањето на испитите ќе трае од 29-ти мај до 11-ти јуни.
- Полагањата започнуваат од 15-ти јуни.
- Студентите кои ги немаат подмирено трошоците за студирање нема да можат да пријават и да полагаат испити од јунска сесија.
- Во оваа сесија е дозволено полагање на испити од парен и непарен семестар.
- Апликацијата за пријавување на испитите ќе биде достапна од 29-ти мај.
- Студентите кои ќе ги пријават испитите надвор од предвидените временски рамки, следува казна од 100 денари за секој ненавремено пријавен испит.
Услови за тестирање
- камерата и микрофонот да бидат вклучени за време на полагањето, во спротивно истото ќе биде поништено
- пополнетиот тест да се испрати до професорот во рамки на договореното време
- за дополнителни прашања консултирајте се директно со менторите или професорите, а можете да се обратите и на eucenje@msu.edu.mk
Како ќе се спроведе тестирањето? – објаснување чекор по чекор
- Испитот по определен предмет ќе се одржи во времето кое е објавено во распоредот.
- Се вклучувате онлајн во договорениот термин на платформата Zoom. Линковите ќе ги добиете од менторите. Во случај на технички проблеми, контактирајте ја службата за Е-учење.
- Додека сте онлајн професорот го забележува присуството и ги напоменува условите за полагање.
- Професорот ќе ви соопшти дека преку опцијата Chat на платформата Zoom треба да ги доставите вашите е-маил адреси за да можеме да ви го испратиме тестот.
- Ги внесувате е-маил адресите на chat на Zoom.
- Администраторот ви го испраќа тестот на внесената е-маил адреса.
- Имате ограничено време за да го решите тестот (околу 60 минути / зависи од професорот) со вклучени камери и микрофони. Ако некој ја исклучува камерата или микрофонот, тестот за него завршува.
- Откако ќе истече времето имате обврска да го пратите тестот на меилот на професорот, пополнет. Толеранција за доцнење – 5 минути. Ако тестот се прати подоцна нема да се толерира, без разлика на причина. Во тие случаи може повторно да пополнува нов тест некој нареден пат по договор со професорот.
- Доколку тестот бара решавање на задачи или пишување на хартија, професорот може да се договори со студентите наместо во Word, студентите да ги решат задачите на хартија, а да испратат фотографии од решените задачи на професорот, во истиот рок како и другите студенти.
- Професорот (или администраторот во негово име) го потврдува приемот на тестот.
- Професорот може да го промени или прилагоди форматот на тестот.
- Професорот го оценува тестот и кога ќе има резултати ги соопштува на студентите на некое од наредните предавања, на меил, или на Е-учење.