од Студентски блог – студентски размислувања
Зошто се психолозите потребни? Интересно прашање.
Факт е дека секој за некого е потребен за нешто. На пример, докторите не’ лечат кога сме болни, наставниците не’ учат на некое образовно поле, келнерите не’ послужуваат со јадење и пиење, ТВ-лицата не’ забавуваат итн.
А психолозите? Зошто се тие, односно сме ние, потребни некому? Ако ова прашање го поставите на повозрасна личност во нашата држава, ќе добиете молк. Штама. „Па нели има бајачи, што ќе ни се психолози“ – ќе дофрли некој. „Тоа не е нормална работа“, „Срамота е да се оди таму, само лудите одат“ и куп предрасуди кои всушност треба да ги оставиме во минатото, да не постојат повеќе во денешното време. Но ете, кај нас се уште ги има, за жал. Наместо да се ослободиме од овие стигматизации и конечно да мрднеме напред, наместо да поразговараме со „професионалец за душата“, ние се упатуваме кај бајачката од Кравари (на пример) – која ни вели да си ставиме чорап под перница, за да следниот ден си го најдеме мажот од соништата (на пример). Бидејќи „што ќе речат другите“ е поважно од „што ќе биде со нас самите“ – ја избегнуваме темата „психолог“, а со тоа и самото одење таму, со што имаме толку гневни и исфрустрирани луѓе околу нас, а потајно можеби и самите сме такви. Се разбира, секоја чест на исклучоците.
Еве сега ќе ви откријам една гола вистина. Кога луѓето нешто ги мачи и ‘им се жалат на нивните блиски за тоа, се чувствуваат како да прават обичен муабет. Меѓутоа, кога истото би го направиле пред психолог, тие би се почувствувале беспомошно, бидејќи со самото одење и зборување со психолог би признале дека не можат самостојно да се изборат со својата битка и дека бараат помош од стручно лице.
Еве, уште една гола вистина ќе ви откријам.
За неубавите моменти во животот, молчиме. „Не зборувај за тоа, само те прави да се чувствуваш лошо“ – си велиме.
За убавите моменти во животот, исто така молчиме. „Леле ќути, да не се заречиме, па на лошо да ни тргни“ – си велиме.
Ние молчиме за најбитните работи во животот, а дрдориме за најбаналните. И после се чудиме, од каде толкава површност во нас и околу нас. Ете од каде.
За Вас кои се пронајдовте погоре, да разјаснам некои работи. Ние психолозите, сме пред се’ – луѓе. Од крв, месо и коски. И се разбира, душа. Исто како и Вие. Не, нема да Ве „јадеме“, бидејќи не ни е работа „да јадеме луѓе“. Не, нема ниту да Ве перцепираме како ненормални ако ни се обратите за помош, напротив. Ние сме тоа што сме, за да Ви помогнеме, бидејќи во суштина тоа е нашата работа – да бидиме хумани и солидарни.
Се надевам ме разбирате сега, зошто сме потребни…
Рубриката студентски блог е иницијатива на Здружението на студенти на Меѓународен Славјански Универзитет. Сите студенти при МСУ кои сакаат своето мислење да го изразат преку кратки есеи, можат својот пишан збор да го испратат на blog@msu.edu.mk.
*Сите испратени дела ќе бидат прегледувани од наш стручен кадар. Прифатените дела ќе бидат објавени на нашата официјална страна и секоја среда ќе биде објавуван по еден студентски блог во Битолски весник.
Cookie | Duration | Description |
---|---|---|
cookielawinfo-checkbox-analytics | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Analytics". |
cookielawinfo-checkbox-functional | 11 months | The cookie is set by GDPR cookie consent to record the user consent for the cookies in the category "Functional". |
cookielawinfo-checkbox-necessary | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookies is used to store the user consent for the cookies in the category "Necessary". |
cookielawinfo-checkbox-others | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Other. |
cookielawinfo-checkbox-performance | 11 months | This cookie is set by GDPR Cookie Consent plugin. The cookie is used to store the user consent for the cookies in the category "Performance". |
viewed_cookie_policy | 11 months | The cookie is set by the GDPR Cookie Consent plugin and is used to store whether or not user has consented to the use of cookies. It does not store any personal data. |