Денес на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе ректорката проф. д-р Ленче Петреска со свечен говор им го честиташе почетокот на новата академска година на бруцошите кои одбраа да студираат на еден од нашите пет факултети. Со свои поздравни говори се обратија и деканите и продеканите на петте факултети при МСУ.
Годинава за првпат истовремено започна првиот академски час во Свети Николе и во Битола, а беше остварена и директна видео врска помеѓу кампусите во Битола и Свети Николе.