Филозофскиот дијалог продолжи на Славјански во Битола
4 октомври 2018Студенти од Факултетот за правни науки во Основен суд Свети Николе за Европскиот ден за граѓанска правда
25 октомври 2018Во „Куќата на Уранија“ во Охрид заврши 4тиот меѓународен филозофски дијалог „ИСТОК-ЗАПАД“.
Последната сесија на дијалогот се одржа на 6-ти октомври со излагањата на д-р Дарија Рупчиќ Келам, проф. д-р Амир Музур и доц. д-р Ива Ринчиќ од Хрватска, проф. д-р Мајкл Џорџ од Канада, доц. д-р Евангелос Протопападакис од Грција, проф. д-р Бардил Чипи од Албанија и проф. д-р Трајче Стојанов од Македонија.
Тема на симпозиумот оваа година е „Биоетиката на крстопат“, а е во организација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ) и Филозофското друштво на Македонија (ФДМ).