Делегација на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во моментов е во посета на нашиот партнерски универзитет од Велико Трново, Бугарија, каде гостува по повод почетокот на новата академска година.
Делегацијата беше примена од ректорот, проф. д-р Христо Бонджолов. Отворањето на 55-тата учебна година на Великотрновскиот универзитет започна со обраќање на ректорот, проф. д-р Христо Бонджолов пред новите 2666 студенти.
Во рамки на свеченоста, помеѓу другите гости и професори на студентите се обрати и претседателот на Управен Одбор на МСУ проф. д-р Јордан Ѓорчев и на бруцошите им го честита почетокот на новата академската година. На свеченоста присуствуваше и делегација од Тверскиот државен универзитет од Твер, Русија.