Од 15-ти до 26-ти септември во Охрид беше спроведена лингво-економска школа „Рускиот јазик и економијата – наш чекор кон успехот“, во која земаа учество студенти од Студентски сојуз на Меѓународен Славјански Универзитет и нашиот партнерски универзитет – Тамбовскиот државен универзитет „Г. Р. Державин“ од Русија.
Во рамки на посетата руските студенти се запознаа со македонската култура, традиција, а запознаа и нови пријатели.
Покрај бројните екскурзии кои беа дел од школата, беа организирани и културно-уметнички вечери, со што студентите можеа да се претстават преку танцување или пеење.
Студентите од школата гостуваа и на доделувањето на индексите на новозапишаните студенти на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“, а на 18-ти септември го посетија и Рускиот конзулат во Битола.