После 7 одиграни кола, најдобрите тројца шахисти имаа по 6 поени. Според пропозициите се играше тромеч со партии по 5 минути. Во изедначена борба, на крајот прв беше Птоломеј Петар Стојанов од Скопје кој го доби лаптопот, Давид Манески од Прилеп го освои второто место т.е. 9“ таблет и најмладиот учесник на турнирот кој беше и најголема атракција, десетгодишниот Иван Велкоски од Охрид кој доби шаховкса табла и посебен сет шаховски фигури. Сите учесници на дводневниот турнир се стекнаа и со сертификат кој го издава Славјанскиот универзитет.