Денес со почеток од 18:00 часот на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Св. Николе се одржа свеченост по повод Националниот празник на Народна Република Кина, во организација на Друштвото за македонско-кинеско пријателство – Скопје и неговиот разгранок во Св. Николе.
На свеченоста присуствуваше и ВД Амбасадорката на НР Кина, Хуа Јафанг.
Северно Mакедонската пејачка Сузана Спасовска ги отпеа химните на Република Северна Македонија и НР Кина.
Дел од свечената програма беше и настапот на градскиот мандолински оркестар „Св. Николај“ од Св. Николе под диригентската палка на маестро Кирил Трајковски.