Научните резултати од археолошките истражувања на раноантичкиот град Билазора во овчеполскиот локалитет Градиште – Кнежје се публикувани во книгата „Античка Билазора – престолнина на независните Пајонци“ која денес беше промовирана на Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ во Свети Николе.
Книгата е издадена од МСУ и Народниот музеј од Свети Николе, а на промоцијата свои обраќања имаа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска, аташето за култура во Амбасадата на Руската Федерација во Р.С.М, директорот на Народен музеј – Св. Николе, Александар Арсов и претстедателот на Управен одбор на МСУ – др. Јордан Ѓорчев.
Автор на книгата е проф. д-р Драги Митревски и таа беше објавена во две верзии: македонско-руска и македонско-англиска.
Во истражувањата на локалитетот учествуваа и студенти од нашиот партнерски универзитет – Државниот универзитет од Тамбов „Г. Р. Державин“.