На ден 20.04.2016 година во одделението на МСУ во Битола беше организиран отворен ден за матурантите од средните училишта од Охрид, Струга и Прилеп. На матурантите им беа презентирани наставните програми на сите факултети на МСУ и беа организирани четири работилници од различни области. На сите матуранти им беше доделен и сертификат за учество во практичните работилници.