На 11.07.2024 година, со гордост објавуваме дека Татјана Блажевска потпиша договор со ЖРК Овче Поле и истовремено стана стипендистка на Меѓународен Славјански Универзитет. Овој значаен чекор е одличен пример за поддршка на младите талентирани спортисти кои истовремено се посветени и на своето образование.
И посакуваме добредојде на Татјана во нашата академска заедница. Со оваа соработка не само што ќе ја поддржиме нејзината спортска кариера, но истовремено ќе овозможиме и квалитетно образование на највисоко ниво. Сигурни сме дека нејзината упорност и посветеност ќе резултираат со многу успеси како во спортот, така и во образованието.
Меѓународен Славјански Универзитет останува посветен на поддршката на своите студенти, овозможувајќи им можности за личен и професионален развој. Се радуваме на заедничките постигнувања и новите предизвици кои ни претстојат.