Проф. д-р Цветанка Митревска декан
Обраќање од деканот
Почитувани студенти,
Светот на технологиите се менува и развива најбрзо од сите останати индустрии. Факултетот за технички науки и информатика овозможува проекција, елаборација, конкретизација и апликација на содржини од областа на техничките науки низ високо квалитетен и современ процес на настава кој е во тек со брзиот технолошки развој и модерните текови во образованието во Европа и светот. Денес нашиот факултет е современа научно-образовна институција, со јасно дефинирана мисија, визија, цели и програмски определувања.
Познато е дека научниците прашуваат „зошто?”, а инженерите прашуваат „зошто да не?”. Во реалноста, науката и инженерството се тесно поврзани, особено во областите кои ги нудиме на нашиот факултет. Наставниот процес на нашиот факултет е организиран според високи наставни принципи кои вклучуваат соодветност и индивидуализација на наставата, систематичност на наставниот пристап, креативно-критичка и творечка проактивност на студентите. Методите, постапките и средствата што се применуваат во наставата на овој факултет, на секој студент ќе му овозможуваат да учи и да напредува според своите способности, но и максимално да ги развива своите потенцијали.
Единствено нашиот факултет во земјава овозможува едукација на стручни лица за безбедност и здравје при работа, со цел поефикасно и поуспешно имплементирање на европското законодавство, нормите и стандардите на Европската Унија, Меѓународната организација нa трудот и Светската здравствена организација во областа на безбедноста и здравјето на работниците при работа.
Студентите на Факултетот технички науки и информатика стекнуваат знаења и вештини кои се применливи на различни полиња и области. Имате можност да одбирате помеѓу бројни кариери. Можете да изберете кариера во наука за податоци, развој на софтвер, вештачка интелигенција, работна средина, животна средина, или нешто друго. Каква и кариерна патека да изберете бидете сигурни дека можете да направите големо влијание во средината. Секоја линија во кодот што ќе го напишете, секој алгоритам што ќе го дизајнирате и секое решение што ќе го создадете имаат потенцијал да го обликуваат и менуваат светот.
Мисијата на факултетот како образовна научна организација, е максимално и постојано иновирање на наставната содржина, примена на современите методи и техники на едукација низ истражувачките процеси, да образува млади и квалитетни експерти во повеќе области. Студентите со завршување на своето образование ќе можат да дадат свој придонес во различни индустрии и други капацитети. Практичната настава имаат можност да ја изведуваат во соодветно избрани претпријатија и институции кои на најдобар начин овозможуваат инкорпорирање на теоријата и практичната применливост на знаењата.
Ние постојано се трудиме да бидеме во тек со моменталните новини и да ги подготвуваме нашите студенти да можат да стекнат практични вештини кои ќе можат да ги применуваат и развиваат на своите идни работни места.