Студиска програма
Граѓанско право

pravni-nauki-poslediplomski-msu (1)

Едногодишни студии

Име на студиската програма: Граѓанско право
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на правни науки – граѓанско право
Годишна школарина: 1530 евра

Поаѓајќи од основните постулати на современата правна наука и трендот за изучување на системот на граѓанското право и граѓанско правните институти на најреномираните правни факултети во светот, Факутетот за правни науки при Меѓународен Славјански Универзитет воведе специјализирана студиска програма од оваа комплексна и динамична област, која на студентите ќе им понуди можност да се стекнат со проширено стручно знаење и вештини, како и истото тоа да го применат во пракса.

Студиската програма Граѓанско право на студентите им нуди можност да го прошират своето знаење во однос на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Северна Македонија, како и да го прошират своето знаење во повеќе правни дисциплини од областа на граѓанското право во споредбеното право.

Се очекува студентите во рамки на овој циклус на студии да се профилираат во стручни кадри кои поседуваат проширено знаење и вештини не само за теоретска, но истовремено и за практична примена на позитивноправните норми од областа на граѓанското право во правниот систем на Република Северна Македонија, со што ќе дадат свој придонес кон развојот на судскиот систем, адвокатурата, нотаријатот, извршувањето, јавната и државната администрација, невладиниот сектор, правните служби на странски и домашни приватни компании и слично.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Студиската програма Граѓанско право е наменета за студентите кои сакаат да го продолжат своето правничко образование и да се занимаваат со специјализирана правна струка. По завршувањето на програмата студентите се стекнуваат со 60 ЕКТС кредити.

Од изборните предмети се избира само по еден предмет за секој семестар.

Покрај успешно полагање на предвидените предмети, за стекнување на потребниот број кредити студентот има обврска да подготви магистерски труд и истиот успешно да го одбрани, како предуслов за завршување на студиите и стекнување со стручен назив Магистер на правни науки – граѓанско право.

Програма
едногодишни студии

9 семестар

  • Алтернативно решавање на спорови
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Споредбено граѓанско право
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Европско право на интелектуална сопственост
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Граѓанско процесно право на ЕУ
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Оштетно право
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Договорно право
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Академско пишување
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Филозофија на правото
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Магистерски труд
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Арбитражно право
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Синдикално право
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image