Студиска програма Психологија во социјалната заштита
Студиската програма Психологија во социјалната заштита на Факултетот за психoлогија овозможува стручна подготовка на студентите за обезбедување на директни услуги, советување и третман на индивидуи, групи и заедници кои имаат потреба од помош.
Програмата е наменета за сите оние кои сакаат да се грижат за луѓето, да работат на социјални промени и да направат нешто во врска со унапредување на квалитетот на живот на индивидуално и глобално ниво.
Психологијата како применета наука има значајна улога во превенцијата и заштитата на поединци, групи и семејства под различен вид на ризик од појава на психолошки и психосоцијални проблеми. Освен тоа, психологијата во подрачјето на социјалната заштита има и терапевска функција.
Психологот вработен во оваа област работи со лица со трауматски и посттрауматски проблеми. Во улога на советник се занимава со брачни и семејни проблеми, деца и млади со пореметено однесување, деца, млади и возрасни со проблеми на зависност од алкохол и дрога, жртви на семејно и други видови на насилство. Тој, покрај социјалниот работник, е член на мултипрофесионалните тимови во институциите за социјална заштита, институците за деца без родители и родителска грижа, професионални и работни групи во Министерството за труд и социјална политика, во НВО секторот итн.
Психологот во оваа област е и едукатор и тренер на различни маргинализирани групи. Сложеноста на работата во овие подрачја од психологот бараат проширени и продлабочени знаења и вештини за работа со лица со различни проблеми.
Целта на овие последипломски студии е проширување на знаењата на психолозите во областа на социјалната заштита во функција на поуспешна заштита и подобрување на квалитетот на живот во заедницата.
Последипломски студии
Програмата е базирана на следните начела:
- интеграција на теоријата и практичната работа во подрачјето на психологија;
- прилагодување на студиите на индивидуалните потреби на кандидатите низ понуда на разновидни изборни предмети;
- учење низ непосредна примена на стекнатите знаења и во текот на студиите што се обезбедува низ менторско следење и практична работа;
- следење на новите сознанија во областа на психологијата на социјалната заштита и сродните струки.
Студиите можат да бидат со времетраење од една година (60 ЕКТС кредити) или две години (120 ЕКТС кредити):
- Двегодишни (четврта плус петта година), 300 ЕКТС
- Едногодишни (петта година), 300 ЕКТС
Двегодишни студии (3+2)
Двегодишни студии
Име на студиската програма: Психологија во социјалната заштита
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 17
ЕКТС кредити на програмата: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки, студиска програма: Психологија во социјалната заштита
Годишна школарина: 1230 евра за четвртата година, 1530 евра за петтата година
Во рамките на двегодишните студии се опфатени 17 предмети кои студентите треба да ги положат, додека кај едногодишните студии бројот на предметите изнесува 4.
Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден, додека од понудените три или четири, студентите избираат два предмети. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.
По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.
Програма двегодишни студии
7 семестар
-
Дефектолошка дијагностика и рехабилитација на деца со атипичен развојЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Социјална перцепција и ставовиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Образование на возрасниЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Унапредување на менталното здравје во заедницатаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Кризи во развојните фазиИзборен
6 ЕКТС
-
Психолошки интервенции и третманиИзборен
6 ЕКТС
8 семестар
-
Основи на социјална работа и социјална политикаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Социологија на маргинализирани групиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Социјални вештини во интерперсоналните односиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Ментална хигиенаИзборен
6 ЕКТС
-
Професионална психодијагностикаИзборен
6 ЕКТС
-
Психологија на здравје и болестИзборен
6 ЕКТС
-
Советувања во образование и кариераИзборен
6 ЕКТС
9 семестар
-
Социјална заштита во Република Северна МакедонијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Насилство во блиските врскиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Психосоцијална работа со деца и млади со деликвентно поведениеЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Основи на психотерапијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Психолошко советувањеИзборен
6 ЕКТС
-
Образовен менаџментИзборен
6 ЕКТС
10 семестар
-
Методологија на научно истражување со основи на статистикаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Магистерски трудЗадолжителен
24 ЕКТС
Едногодишни студии (4+1)
Едногодишни студии
Име на студиската програма: Психологија во социјалната заштита
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 7
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки, студиска програма: Психологија во социјалната заштита
Годишна школарина: 1530 евра
Упис на едногодишни (4+1) последипломски студии може да извршат студенти кои при студирањето се стекнале со 240 ЕКТС. Во рамките на едногодишните студии бројот на предмети кои треба да се положат изнесува 7.
Во 9. семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените три изборни предмети, студентите избираат само два предмети. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.
По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки.
Програма едногодишни студии
9 семестар
-
Социјална заштита во Република Северна МакедонијаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Насилство во блиските врскиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Психосоцијална работа со деца и млади со деликвентно поведениеЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Основи на психотерапијаИзборен
6 ЕКТС
-
Психолошко советувањеИзборен
6 ЕКТС
-
Образовен менаџментИзборен
6 ЕКТС
10 семестар
-
Методологија на научно истражување со основи на статистикаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Магистерски трудЗадолжителен
24 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати:
- 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии), за упис на едногодишни студиски програми, односно
- 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии), за упис на двегодишни студиски програми.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:
- 1230 евра за четвртата година и
- 1530 евра за петтата година.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.