Компјутерски системи и мрежи (3+1+1)


Студиска програма Компјутерски системи и мрежи (3+1+1)


Последипломските студии на студиската програма Компјутерски системи и мрежи се организирани на следниов начин:

  • Компјутерски системи и мрежи (3+1+1)
    • Специјалистички (четврта година – до 240 ЕКТС кредити)
    • Магистерски (петта година – до 300 ЕКТС кредити)

Современите трендови на пазарот на трудот наметнуваат потреба од кадар со потесна област на специјализација и владеење на конкретна проблематика. Брзите промени наметнуваат потреба од ангажирање стручни и професионални кадри, специјалисти и добри познавачи од областа на информатички науки, особено имплементирање на современи компјутерски системи и мрежи.

Студиската програма Компјутерски системи и мрежи им овозможува на идните студенти да се запознаат со основните концепти заеднички за сите модерни оперативни системи, да ги совладаат основните криптографски принципи и методи, да ги изучат основните крипто-дизајни и практично да ги користат изучените крипто системи. Помеѓу другото, студентите ќе стекнат знаења и вештини за користење на ГИС технологија, проектирање компјутерски системи базирани на мобилни технологии, а ќе ги научат и последните технолошки напредоци и светските трендови од доменот на Е-бизнисот.



Специјалистички (четврта година)


Име на студиската програма: Компјутерски системи и мрежи
Факултет: Факултет за информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 240
Стручен назив: не се стекнува диплома за четвртата година
Годишна школарина: 1030 евра (за четвртата година)

Специјалистичките студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на специјалистичките студии можат да направат студенти кои при претходните студии се стекнале со најмалку 180 ЕКТС кредити.

По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 240 ЕКТС кредити и можат да направат упис во петта година (магистерски студии).


Факултет за информатика
Студиската програма Компјутерски системи и мрежи
Специјалистички, до 240 ЕКТС, четврта година
7 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОАРЕНОСТ
1 Напредни оперативни системи Задолжителен 8 240
2 Безбедност и криптографија Задолжителен 8 240
3 ГИС во бизнисот Задолжителен 8 240
4 Мобилни технологии и програмирање Задолжителен 6 180
8 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОАРЕНОСТ
1 Сензорски системи Задолжителен 8 240
2 E-бизнис, архитектура и дизајн Задолжителен 8 240
3 Напредна компјутерска графика Задолжителен 8 240
4 Како да се биде успешен во бизнисот Задолжителен 6 180

 


Магистерски (петта година)


Име на студиската програма: Компјутерски системи и мрежи
Факултет: Факултет за информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 8
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по информатика – компјутерски системи и мрежи
Годишна школарина: 1530 евра (за петата година)

Магистерските студии се со времетраење од една година (+60 ЕКТС кредити). Упис на магистерските студии можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале со најмалку 240 ЕКТС кредити. По завршувањето на студиите студентите се стекнуваат со 300 ЕКТС кредити и стручен назив магистер по информатика – компјутерски системи и мрежи (Master of computer science – Legum Magister LL.M).

Во рамките на едногодишните студии предвидено е студентот да положи вкупно 8 предмети, односно по 4 во секој семестар.

Дополнително, во наставата е вклучена практична настава, изработка на нацрт за магистерски труд и на крај изготвување и одбрана на магистерски труд.


Факултет за информатика
Студиска програма Компјутерски системи и мрежи
Магистерски, 300 ЕКТС, петта година
9 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОВАРЕНОСТ
1 Биоинформатика Задолжителен 8 240
2 Мрежни анализи во ГИС Задолжителен 8 240
3 Електронско учење Задолжителен 8 240
4 Системски софтвер Задолжителен 6 180
10 СЕМЕСТАР
ПРЕДМЕТ ЗАД./ИЗБ. ЕКТС ОПТОАРЕНОСТ
1 Стручна пракса Задолжителен 8 240
2 Магистерски труд Задолжителен 8 240
3 Напредно визуелно програмирање Задолжителен 8 240
4 Методологија и научна теорија Задолжителен 6 180

 


Услови за упис


Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии). Дали кандидатот ќе се запише во четврта или петта година зависи од бројот на дотогаш стекнатите кредити.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.


Документи за упис


При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународниот Славјански Универзитет „Г. Р. Державин” во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.


Школарина


Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.


https://www.facebook.com/slavjanskiuniverzitet/videos/1642012502476156/


CAPTCHA image