
Средба со раководството на Стопанската комора на Ерменија и нови можности за соработка
9 ноември 2026Меѓународен Славјански Универзитет потпиша Меморандуми за соработка со Здружението на судиите на Република Северна Македонија, претставувано од претседателот – судијата Иван Џолев и Судско-медиумскиот совет, претставуван од претседателката Емилија Шопар Јованова.
МСУ го претставуваа ректорот проф. д-р Васко Стамевски и проректорката за меѓународна соработка и развој проф. д-р Марија Гроздановска Миловска.
Со потпишаните меморандуми се отвораат нови можности за заеднички едукативни активности, стручни предавања, практична настава и размена на знаења и искуства, со цел поврзување на академската заедница со правосудните институции.





