
Успешно се одржа настанот Денови на психологија 2026 – Свети Николе
7 ноември 2026
Меморандуми за соработка со Здружението на судиите на Република Северна Македонија
10 ноември 2026Во рамки на посетата на Ереван, д-р Јордан Ѓорчев, основач на Меѓународниот Славјански Универзитет и новоименуван претставник на Стопанската комора на Ерменија во Северна Македонија, оствари средба со претседателот на Комората, Мартин Саргсјан и нејзиното раководство.

На средбата присуствуваа Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управен одбор и Иван Спасев, член на Управен одбор при МСУ.
На средбата се разговараше за проширување на деловните можности, зајакнување на економските односи меѓу двете земји и иницијативата за воспоставување заедничка платформа за економска соработка „Ерменија – Балкан“.



Како конкретен придонес кон продлабочувањето на соработката, Меѓународен Славјански Универзитет обезбедува три целосни стипендии за студенти од Ерменија.
Стипендиите опфаќаат целосно ослободување од школарина за додипломски студии, како и бесплатно сместување во универзитетскиот кампус.
Со оваа иницијатива, Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да создава нови можности за меѓународна образовна соработка и поврзување на младите од различни земји.





