
Претставници на МСУ на меѓународна конференција за безбедност, вештачка интелигенција и економија во Пловдив
6 ноември 2026„Денови на психологија 2026“ започнаа во Свети Николе – првото поглавје од приказната „Светот во нас“.
Секоја приказна има свој почеток, а оваа започна токму во Свети Николе.
Денес, 7 ноември 2026 година, на Меѓународен Славјански Универзитет официјално започна манифестацијата „Денови на психологија 2026“, која оваа година ќе поврзе пет градови преку една заедничка приказна посветена на човекот, неговите потенцијали и внатрешниот свет.
„Креирање на сопствениот космос – Потенцијал и самоактуелизација“ беше темата со која го отворивме ова патување, насочувајќи го вниманието кон личниот развој, самоспознавањето и откривањето на можностите што секој човек ги носи во себе.
Преку работлницата на проф. д-р Ана Чучкова и проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска, присутните имаа можност да размислуваат за значењето на личната мотивација, препознавањето на сопствените способности и надминувањето на внатрешните ограничувања на патот кон остварување на личните цели.
Во фокусот беше идејата дека самоактуелизацијата не претставува конечна дестинација, туку континуиран процес на учење, созревање и градење на сопствениот идентитет. Разговорите ја истакнаа важноста на самосвесноста, личните вредности и храброста да се истражуваат нови можности за развој.
По завршетокот на настанот, присутните се здобија со сертификати за учество, признаени од Комора на психолози на РМ.

Со овој настан во Свети Николе го отворивме првото од петте поглавја на „Светот во нас“. Во продолжение, оваа приказна ќе се развива низ уште четири градови, носејќи нови теми, перспективи и можности за размена на знаења и искуства од областа на психологијата.








