
Проф. д-р Слаѓана Анѓелкоска на 74. Конгрес на психолози на Србија
3 јуни 2026Меѓународен Славјански Универзитет беше дел од „Отворен кариерен ден“ во СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе, настан посветен на младите, нивните амбиции и изборот на идната професија. Нашиот тим имаше можност да се сретне со ученици и родители, да ги претстави студиските програми, современите услови за студирање и можностите што ги нуди Меѓународен Славјански Универзитет за академски и професионален развој.
Преку директни разговори, идните студенти се информираа за:
- факултетите и студиските програми
- практичната настава и современиот пристап
- можностите за кариера и професионален напредок
- меѓународната соработка и студентските перспективи
Настанот помина во одлична атмосфера, исполнета со позитивна енергија, инспиративни средби и многу прашања од младите кои активно ја градат својата иднина. Упатуваме благодарност до СОУ „Кочо Рацин“ – Свети Николе за поканата и успешната организација на овој значаен настан. Меѓународен Славјански Универзитет продолжува активно да биде поддршка и партнер на младите во нивниот пат кон знаење, кариера и успех.










