
Парламентарен караван на Собранието на Република Северна Македонија одржан на МСУ во Свети Николе
12 мај 2026На 6 мај 2026 година, Меѓународен Славјански Универзитет беше домаќин на инспиративно и интерактивно предавање на тема „Гешталт терапија – уметност на живеењето и психотерапевтски метод“, кое предизвика голем интерес кај студентите и љубителите на психологијата.
Предавањето го одржа Вера Димовска, гешталт психотерапевт, која преку динамична презентација и практични согледувања ја доближи суштината на гешталт терапијата како современ пристап кон личниот развој, свесноста и квалитетната комуникација.
На настанот присуствуваше и декан на Факултетот за психологија, проф. д-р Слаѓана Ангелкоска, која заедно со студентите активно се вклучи во дискусијата и придонесе кон позитивната и инспиративна атмосфера.
Големиот интерес и бројната посетеност уште еднаш потврдија дека студентите на Меѓународен Славјански Универзитет се силно насочени кон современи теми, личен развој и практични знаења кои имаат реална примена во професионалниот и личниот живот.








