
МСУ во стратешко меѓународно партнерство за јакнење на системите за заштита, спасување и волонтерство
16 февруари 2026Со свечено отворање во Драчево, Киноверзум го прошири своето присуство со петта кино-сала и втора локација во Општина Кисела Вода. Настанот беше отворен со обраќање на градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменковска Трајковска, во присуство на вицепремиерот Љупчо Димовски и градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски.
Новото кино започна со прикажување на филмот „Приказната за Силјан“ (2025) – првиот македонски филм на National Geographic. Присуството и обраќањето на режисерката Тамара Котевска и продуцентот Јорданчо Петковски дополнително ја нагласија културната и уметничката тежина на настанот.








Киноверзум е основан од Михаела Ѓорчева и започна со работа во 2019 година како проект на Меѓународен Славјански Универзитет, со јасна визија – да создаде простор каде што образованието, уметноста и заедницата се поврзуваат. Денес, со пет активни кина, овој проект претставува пример како академската институција може директно да придонесе во културниот и општествениот живот.
Меѓународен Славјански Универзитет континуирано стои зад иницијативи што создаваат културна вредност и интелектуална средина за младите генерации. Затоа што образованието и културата одат рака под рака – и заедно ја обликуваат иднината.




