
Меѓународен Славјански Универзитет со иницијатива за поттикнување на инклузивноста во образованието
3 декември 2025На 4 декември 2025 година, во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет беа потпишани два договори за соработка, со КСОМ претставувано од генералниот секретар Гоце Делчев по овластување на претседателот м-р Марјан Ристески и Независниот синдикат на здравствени работници, административно-технички и технички персонал претставуван од претседателот Боби Бојчевски. Од страна на МСУ, договорот го потпиша проф. д-р Јордан Ѓорчев, претседател на Управниот Одбор при МСУ.
Овој договор претставува почеток на успешна соработка во областа на високото образование и професионалниот развој на членовите на синдикалните организации вклучени во КСОМ, како и на нивните најблиски семејни членови.
Секогаш и секаде, се грижиме за здравствените работници – за нивната едукација и напредок, а овој договор е чекор напред кон подостапно образование, изјави Боби Бојчевски, претседател на Независниот синдикат на здравствени работници и Национален координатор за здравство при КСОМ.
Генералниот секретар Гоце Делчев кој по овластување на претседателот м-р Марјан Ристески беше присутен на потпишувањето на договорот, изјави дека како национален синдикат, преку овој договор се овозможува пристап до додипломските и последипломските студии за илјадници семејства. Генералниот договор поставува основа врз која и останатите синдикални федерации и организации ќе можат да склучат свои посебни договори со МСУ.
Со оваа соработка, Меѓународен Славјански Универзитет продолжува да ја подобрува својата општествена одговорност, достапното образование и создавањето на реални можности за личен и професионален развој.






