
Работна посета од Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Велико Трново во рамки на Еразмус+ програмата
3 декември 2025По повод 3 декември – Меѓународниот ден на лицата со попреченост, студентите од втора година на Факултетот за психологија при Меѓународен Славјански Универзитет изработија едукативен постер и флеш картички како мал придонес кон инклузивното образование.
Флеш картичките претставуваат практична и ефективна алатка во поучувањето на ученици со попреченост – го поттикнуваат визуелното учење, ја подобруваат концентрацијата, ја развиваат меморијата и овозможуваат учење во мали, јасни и прилагодени чекори.
Со гордост ги дониравме овие материјали во:
- ОУ со ресурсен центар „Кочо Рацин“ – Битола
- ОУ со ресурсниот центар „Маца Овчарова“ – Велес
- Центар за поддршка во учењето при ОУ „Св.Кирил и Методиј”, Св.Николе
- ООУ „Никола Карев”,Кочани
Голема благодарност до сите наставници и стручни служби за нивната посветеност и секојдневна борба за подеднакви можности за сите ученици.














