
Првиот настан од „Денови на психологија“ во Битола: Фокус на помеѓу балансот работата, учењето и приватниот живот
26 ноември 2025Во рамки на програмата за младинско лидерство организирана од Глобалниот бизнис симпозиум од САД, Меѓународен Славјански Универзитет зема активно учество на настан кој се одржа на Универзитетот за технологија во Сиднеј, Австралија, во периодот од 24 до 28 ноември 2025 година.
Универзитетот беше претставуван од Михаела Ѓорчева, заменик претседател на Управниот одбор на МСУ и основач на Киноверзум. По успешно завршување на интензивната програма, Ѓорчева доби сертификат што лично ѝ беше врачен од генерал-мајор во пензија Тим Форд, поранешен висок советник на Обединетите нации за мировни операции.












Програмата обедини млади лидери, претставници на академски институции и експерти од сите континенти. Настанот вклучи предавачи од Австралија и Обединетото Кралство – водечки економисти, едукатори и практичари од областа на менаџментот и лидерството. Сесиите беа насочени кон најактуелните глобални предизвици и решенија: од донесување одлуки под притисок и градење резилиентност, до управување со лични вредности и развој на лидерски идентитет.
Особено внимание беше посветено на примената на генеративна вештачка интелигенција во современото претприемништво, етичките аспекти на водењето во дигиталната ера, како и на темата за автентичност и свесно лидерство засновано на јасна цел и интерна мотивација.




