Студиска програма
Психологија на обрзование

Студиската програма Психологија на образование е наменета за студентите кои имаат интерес да ги истражуваат и подобруваат психолошките процеси поврзани со учењето, развојот и функционирањето на учениците и студентите во образовниот систем.

Студентите на оваа студиска програма изучуваат предмети кои нудат современи знаења за когнитивен, емоционален и социјален развој, мотивација за учење, психолошка поддршка во училиштата и методи за подобрување на образовни практики. Задолжителната практична настава во образовни институции низ Република Северна Македонија им овозможува да ги развијат своите вештини за професионална работа со ученици, родители и наставници.

Студиите се насочени кон унапредување на знаењето и практичните компетенции преку работа на терен, изработка на истражувања и применување на психолошки техники кои го поддржуваат учењето и развојот. Образовната психологија претставува клучно подрачје на применетата психологија, со фокус на оптимизација на образовниот процес и поддршка на развојните потреби на учениците.

Примената на знаењата од образовната психологија придонесува за подобрување на квалитетот на учењето, намалување на тешкотиите во однесувањето и развивање позитивен образовен клима. Целта на овие студии е подготвување идни професионалци кои ќе придонесат за унапредување на образовниот систем, поддршка на учениците и наставниците и креирање здрави и поттикнувачки средини за учење.

Последипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Програмата е базирана на следните начела:

  • интеграција на теоријата и практичната работа во подрачјето на образовната и развојната психологија,

  • прилагодување на студиите на индивидуалните интереси на кандидатите преку избор на разновидни изборни предмети,

  • учење низ непосредна примена на стекнатите знаења во реални образовни средини, што се обезбедува преку менторска поддршка и практична настава во училиштата,

  • следење на новите сознанија во современата образовна психологија и сродните дисциплини, преку задолжително следење на научна и стручна литература.

Студиите се едногодишни со времетраење од 60 ЕКТС кредити и овозможуваат стекнување специјализирани знаења и компетенции за работа во образовни институции и проекти насочени кон поддршка на развојот и учењето.

Едногодишни студии
(4+1)

Едногодишни студии

Име на студиската програма: Психологија во образование
Факултет: Факултет за психологија
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 7
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер на психолошки науки, Студиска програма: Психологија во образование
Годишна школарина: 2030 евра

Упис на едногодишни студии (4+1) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 240 ЕКТС. Во рамките на едногодишните студии се опфатени предмети кои студентите треба да ги положат во текот на двата семестри.

Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените изборни предмети студентите избираат предмети согласно своите интереси, со што студиите се прилагодуваат на индивидуалните професионални насоки на кандидатите. Дополнително, во наставниот процес е опфатено и изготвување и одбрана на магистерски труд.

По завршувањето на студиите и успешно подготвениот магистерски труд, студентот се стекнува со стручен назив Магистер на психолошки науки (Насока: Психологија во образованието)

Програма
едногодишни студии

9 семестар

  • Развојна психологија кај деца на предучилишна и училишна возраст
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Психолошки аспекти на училишна интеракција
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Инклузивна култура, политика и практика
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Оценување и евалуација
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Советување во образование и кариера
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Образование на возрасни
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Стрес во работно опкружување
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Окупациона терапија во образование на деца со пречки во развојот
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Образовен менацмент
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Когнитивен развој и учење
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Училипна педагогија
    Изборен

    6 ЕКТС

10 семестар

  • Советодавна работа со семејства
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Методологија на научно истражување со основи на статистика
    Задолжителен

    6 ЕКТС

  • Магистерски труд
    Задолжителен

    24 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати:

  • 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии), за упис на едногодишни студиски програми, односно

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •  Диплома за завршен прв циклус на студии;
  •  Уверение за положени испити;
  •  Извод од матична книга на родените;
  •  Фотокопија од лична карта;
  •  4 мали слики во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:

  • 2030 евра за петтата година.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.

Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање.Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image