
Повик за студенти од МСУ – Blended Intensive Programme во Алба Јулија, Романија
6 ноември 2025На 5 ноември 2025 година, во свечената сала на Владата на Република Северна Македонија, се одржа настан по повод Меѓународниот ден на ромскиот јазик, организиран од министерот без ресор, задолжен за интеграција и имплементација на Стратегијата за инклузија на Ромите 2022–2030, д-р Шабан Салиу.
На настанот присуствуваа претставници од институции, организации и високообразовни установи, меѓу кои и Меѓународен Славјански Универзитет, претставен од ректорот проф. д-р Васко Стамевски и генералниот секретар д-р Мартин Ѓорѓиев.



Во рамки на свеченоста беше нагласено значењето на зачувувањето на ромскиот јазик и култура, како и потребата од континуирана поддршка на младите Роми во процесот на образование и општествен развој.
Меѓународен Славјански Универзитет се издвојува како единствениот приватен универзитет во државата што доделува стипендии за ромски студенти, со што активно придонесува кон инклузија, еднакви можности и општествена одговорност во високото образование.
Универзитетот ја потврдува својата посветеност на вредностите на различност, толеранција и достапност на образованието за сите.




