Студиска програма Правни студии

Четиригодишни студии
Име на студиската програма: Правни студии
Факултет: Факултет за правни науки
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 4 години (осум семестри)
Вкупно предмети: 40
Вкупно ЕКТС: 240
Стручен назив: дипломиран правник
Годишна школарина: 1530 евра
Студиската програма по Правни студии им овозможува на студентите да стекнат продлабочени знаења од областа на правото и по успешно завршување на студиите, да се здобијат со академската титула дипломиран правник.
На Факултетот за правни науки, студентите добиваат поддршка во развојот на теоретските знаења и практичните вештини кои се неопходни за активно вклучување во современите правни процеси. Програмата истовремено ги поттикнува нивните научно-истражувачки капацитети и ја негува креативноста како дел од нивниот академски и професионален развој.
 
                Додипломски студии
Студиската програма на првиот циклус на правни студии, односно додипломските студии, е со траење од четири години (осум семестри) и опфаќа изучување на 40 предмети кои по дипломирањето обезбедуваат 240 ЕКТС кредити.
Студиската програма опфаќа широк спектар на предмети, вклучувајќи клучни правни области како уставно право, граѓанско право и судско право, како и специјализирани дисциплини како меѓународно право, човекови права и право на информатичка технологија.
Наставната програма е збогатена со практични вежби, практична настава и активно учество во мултидисциплинарни проекти. Овој пристап им овозможува на студентите да стекнат реални искуства и вештини кои се од суштинско значење за нивниот професионален развој и успешна кариера во правната сфера.
Програма четиригодишни студии
1 семестар
- 
							Вовед во правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Историја на државата и правотоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Римско правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Академско пишувањеЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Англиски јазикИзборен6 ЕКТС 
- 
							Руски јазикИзборен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународни организацииИзборен6 ЕКТС 
2 семестар
- 
							Уставно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Општ дел на граѓанско право и стварно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Јавна и државна администрацијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							ЕкономикаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Право на информатичка технологијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Управување со човечки ресурсиИзборен6 ЕКТС 
- 
							Социјално правоИзборен6 ЕКТС 
3 семестар
- 
							Семејно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Трудово правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Казнено правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Административно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Електронска трговијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Финансово правоИзборен6 ЕКТС 
- 
							Царинско правоИзборен6 ЕКТС 
4 семестар
- 
							Облигационо правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно јавно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Управно судствоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Политички системиЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Синдикално правоИзборен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно казнено правоИзборен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно право за правата на човекотИзборен6 ЕКТС 
5 семестар
- 
							Право на Европска УнијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно приватно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							КриминологијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Наследно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Адвокатско работењеИзборен6 ЕКТС 
- 
							Компјутерски криминалИзборен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно трудово правоИзборен6 ЕКТС 
6 семестар
- 
							Трговско правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Детско престапништвоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Применета економијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							ПенологијаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Организиран криминалИзборен6 ЕКТС 
- 
							Политички институции на Европска УнијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Економски систем и економска политикаИзборен6 ЕКТС 
7 семестар
- 
							Граѓанско процесно право – парничноЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Казнено процесно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Управно процесно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Судско правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Забрзани казнени постапкиИзборен6 ЕКТС 
- 
							Трудово право - применета програмаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно право - применета програмаИзборен6 ЕКТС 
8 семестар
- 
							Граѓанско процесно право - вонпарнично и извршноЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународно дипломатско и конзуларно правоЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Заштита на човековите права во кривична постапкаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Дипломска работаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Административно право - применета програмаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Казнено право - применета програмаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Граѓанско право - применета програмаИзборен6 ЕКТС 
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.


