Почитувани студенти и родители, со овој напис сакаме да го објасниме процесот на онлајн тестирање кој би сакале да го воведеме.
Ние како универзитет знаеме дека со прекинот на наставата, многу студенти се оставени во ситуација на академска неизвесност. Ние како универзитет имаме обврска кон студентите да им понудиме можност за полагање на колоквиумите и испитите, и затоа сакаме да понудиме решение за онлајн полагање, доколку се создадат услови за тоа.
Дури и ако некои од студентите не можат да го направат тестирањето онлајн ние ќе имаме разбирање и ќе понудиме нов термин, откако ќе заврши ситуацијата со корона вирусот. Но, ние не знаеме кога тоа ќе се случи, и затоа сметаме дека веројатно подобрата опција би била испитите и колоквиумите да се полагаат онлајн.
Како најважно, потенцираме дека онлајн тестирањето НЕ ЗНАЧИ дека тестот ќе биде полесен или потежок од класичниот тест. Значи дека ќе биде поразличен. Исто така, НЕ ЗНАЧИ дека ќе ве оценува платформата. Професорот ќе го прегледува и оценува секој тест поединечно.
Бидејќи постојат многу предрасуди за онлајн тестирањата, ние би сакале да го демистифицираме целиот процес, со цел студентите да го разберат, а подоцна да можат да одлучат дали би сакале да се тестираат онлајн или не. Според направените анкети, повеќе од половина од нашите студенти би сакале да се тестираат онлајн.
По неколку спроведени интервјуа, заклучивме дека сите различно го сфаќаат и доживуваат терминот „онлајн тестирање“. Ние би сакале да ве охрабриме и да ве информираме дека онлајн тестирањето не е ништо ново, тоа со децении постои и успешно се спроведува на светските универзитети. Сепак, на нашите простори е ново, бидејќи досега не беше законски регулирано. Но, сега препораките се универзитетите да продолжат со сите активности онлајн, вклучувајќи и тестирање.
За да го објасниме процесот на онлајн тестирање на МСУ, би сакале прво би сакале да Ви посочиме неколку клучни работи:
Всушност, само начинот на внесување на информациите е онлајн. Самото оценување и вреднување на знаењето на студентот останува исто како и кај класичното тестирање. Ние во моментов правиме континуирани тестови на повеќе платформи и комбинација од платформи со цел да се овозможат идеални услови за спроведување на тестирањето.
Следејќи ги светските трендови, онлајн тестирањето би било спроведено преку open-book тестови, преку онлајн платформа. Според информациите што ги следиме и британските универзитети (Кембриџ, Оксфорд) ќе ја спроведат оваа опција: open-book тестови на онлајн платформи, а се очекува и многу други да го следат овој пример.
Јасно е дека онлајн тестирањето не им овозможува на професорите да имаат контрола над студентите додека се спроведува тестот. За таа цел, тестовите кои би се користеле за испитите, би биле open-book, односно, за нивно решавање студентите би можеле да ја користат литературата што им е на располагање, како и нивните сопствени белешки.
Ова значи дека тестовите би се состоеле од неколку прашања кои би требало да се одговараат во форма на кратки есеи, со аргументирање на нивните одговори.
Всушност, на повеќето испити и колоквиуми професорите имаат вклучувано вакви прашања.
Истражувањата покажуваат дека оpen-book тестовите бараат владеење на материјалот на повисоко ниво, а исто така во овој начин на тестирање се подобруваат и способностите за решавање на проблеми кај студентите, се зголемува креативноста и се бара длабоко познавање на материјата, како спротивно на вообичаеното паметење на информации и факти. Тестовите по сите предмети ќе бидат соодветно прилагодени и трансформирани во open-book тестови.
Начинот на спроведување се состои од следниве фази:
Прашањата на тестот би биле формулирани на следниов начин:
Доколку ги разгледавте примерите, сигурно можевте да забележите дека вакви прашања сте имале на повеќето тестови досега. Онлајн тестирањето всушност ќе го промени начинот на кој ги пополнувате тестовите. Се друго останува исто.