Студиска програма Управување со отпад
Тригодишни студии
Име на студиската програма: Управување со отпад
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: инженер за управување со отпад
Годишна школарина: 1230 евра
Програмата Управување со отпад е усогласена со современите трендови и состојбата на професијата во соодветната област во рамките на европскиот образовен простор.
Целта на студиската програма е на студентите да им понуди најнови знаења од соодветната област и да се изврши оспособување на студентите за успешна примена на научни и стручни достигнувања од областа на инженерските безбедносни системи и менаџментот на управувањето со отпад.
Во наставата се присутни повеќе форми и методи на предавања: интерактивна настава, лабораториска и практична настава, теренска настава и проектна задача.
Додипломски студии
На оваа студиска програма студентите прво се запознаваат со правните основи за управување со отпад кои се однесуваат на заштита од општите права на работниците, заштита на права во процесот на работа, а се стекнуваат и со знаење од областа на организација на управувњето со отпад. Исто така, студентите учат за штетните агенси во животната средина кои делуваат на човечкото здравје, механизмите на нивното дејствување и стратегија за борба против нивното штетно дејство.
Понатаму, во програмата е предвидено стекнување на знаења околу основните законитости на термодинамичките процеси со цел да се заштити работната и животната средина, усвојување на знаења за процесите на развојот на техничките системи како и техничките системи за заштита на работникот, материјалните добра и безбедноста на работната и животната средина.
Студиите се во траење од три години, а обемот на студии изнесува 180 ЕКТС.
Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.
По дипломирањето ќе се стекнете со стручен назив инженер за управување со отпад.
Програма тригодишни студии
1 семестар
-
МатематикаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Основни параметри за работната срединаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Правни основи за управување со отпадЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Технички материјалиИзборен
6 ЕКТС
-
Странски јазикИзборен
6 ЕКТС
2 семестар
-
Техничка механикаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
ТермодинамикаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
ТермопостројкиЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Материјали за рециклирањеИзборен
6 ЕКТС
-
Основи на информатикаИзборен
6 ЕКТС
3 семестар
-
Индустриска екологијаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Енергетика и опкружувањеЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Постројки и инсталации под притисокЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Статистика и обработка на податоциИзборен
6 ЕКТС
-
Индикатори за квалитет на работна срединаИзборен
6 ЕКТС
4 семестар
-
Теорија на системи и ризикЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Социјална екологијаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Менаџмент на природни ресурсиЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Мониторинг на животна срединаИзборен
6 ЕКТС
-
Основи на менаџментИзборен
6 ЕКТС
5 семестар
-
Комунални системи и животна срединаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Биотехнологија за заштита на животната срединаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Третман на опасен отпадЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Применета информатикаИзборен
6 ЕКТС
-
Бучава во животна срединаИзборен
6 ЕКТС
6 семестар
-
Биоразградлив отпадЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Заштита при транспорт и складирањеЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Теорија на горењеЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Безбедност на опрема и производиИзборен
6 ЕКТС
-
Менаџмент на професионален ризикИзборен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.