Зошто да студирате психологија?
Обраќање од деканот
Почитувани студенти, Изборот на факултетот и идната професија се важни одлуки на секој млад човек. Современиот начин на живеење и се повисокиот степен на заинтересираност на луѓето да ја опишат и разберат сопствената личност, но и личноста на другите околу себе, ја направи психологијата една од поважните професии, а потребата од психолози во сите сегменти од општеството е се поголема... ... Целта на Факултетот за психологија е студентите во текот на своите студии да се стекнат со знаења и вештини поврзани со психолошките процеси, особините и однесувањето на индивидуата, но и со техники и инструменти со кои ќе ги решаваат проблемите кои што влијаат врз нејзино успешно функционирање во средината.“
Проф. д-р Анита Ристеска декан
Факултет за психологија
Додипломски студии четиригодишни
Нашиот факултет нуди една студиска програма на додипломските студии. Студиите се со времетраење од четири години.
Ќе изучувате предмети поврзани со едукација, ментално здравје, социјални вештини, истражувања во областа на психологијата и многу други дисциплини, кои ќе ги прошират вашите перспективи и ќе бидат цврста основа за вашиот понатамошен професионален развој.
Последипломски студии едногодишни и двегодишни
Нашиот факултет нуди две студиски програми на последипломските студии. Студиите можат да бидат со времетраење од една или две години.
Последипломските студии по психологија се чекор понапред кон насочување кон една дисциплина во психологијата низ теорија, спроведување истражувања и квалитетна практична настава.
Предавања и испити
Организација на семестри
Студиската година започнува на 1 октомври, а завршува на 30 септември следната година и се дели на два семестри: зимски и летен.
Предавања
Студентите од секоја студиска програма вообичаено имаат предавања 2 до 3 дена во текот на една седмица, што е практично и за оние студенти кои патуваат.
Испити
Во текот на една академска година има 6 испитни сесии од кои три се редовни (јануари, јуни, септември), а три вонредни (април, октомври, ноември).
Практична работа
Во текот на летото студентите имаат самостојна практична работа и избираат компанија или организација каде ќе ја вршат истата.
Електронска и бесплатна литература
Оригинален систем на активно менторство
Модел на менторство
На почетокот на годината нашиот Центар за кариера доделува ментор за секој студент кој е постојано на располагање за сите прашања на студентите.
Постојано подобрување
Моделот на активно менторство секојдневно се усовршува и останува фокусиран на идејата за мотивирање на студентите да ги остваруваат своите амбиции.
Побрзо до целта
Со системот на активно менторство студентите можат да ги оформат и постигнат своите цели побрзо и поефективно отколку да работат сами.
Ваш личен советник
Менторот Ви дава совети за избирање на изборни предмети, теми за проектни активности, учество на семинари, конференции, проекти, студентска размена или меѓународни проекти.
Упис на додипломски студии
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
За можните попусти кликнете овде.
Документи за упис
на додипломски студии-
Диплома за положена државна или меѓународна матура
-
Свидетелства од сите 4 години
-
Копија од извод од матична книга на родените
-
Копија од државјанство
-
4 мали фотографии во боја
Упис на последипломски студии
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
За можните попусти кликнете овде.
Документи за упис
на последипломски студии-
Диплома за завршен прв циклус на студии
-
Уверение за положени испити
-
Копија од извод од матична книга на родените
-
Лична карта (на увид)
-
4 мали фотографии во боја