Студиска програма
Компјутерски системи и мрежи

inf-24-msu-poc

Тригодишни студии

Име на студиската програма: Компјутерски системи и мрежи
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: дипломиран по (насока: Компјутерски системи и мрежи)
Годишна школарина: 1230 евра

Оваа програма им дава обемни знаења на студентите и им помага да разберат како софтверот може да се контролира на еден или повеќе компјутери, земајќи ги во предвид сигурноста, вмрежувањето и оперативните системи.

Предметите се концентрираат на практични и применливи содржини како програмирање, компјутерска архитектура, компјутерски мрежи, оперативни системи, софтверско инженерство, како и апликативни програми.

Студиите се во траење од три години, а по дипломирањето студентите се стекнуваат со 180 ЕКТС кредити.

Додипломски студии

Достапни во Свети Николе и Битола.

Во програмата се изучуваат основните модели за комуникации, протоколи и нивна основна архитектура, начини за пренос на податоци, преносни медиуми и средства, кодирање на податоци, податочни комуникациски посредници, контрола на податочни врски, технологија, архитектура и системи…

Цели на програмата се совладување на теориските основи за функционирање на компјутерските мрежи, како и стекнување со практични вештини за управување со нив.

Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.

Програма
тригодишни студии

1 семестар

  • Основи на програмирање
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Апликативни програми
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Математика
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Алгоритми и структура на податоци
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Англиски јазик
    Изборен

    6 ЕКТС

2 семестар

  • Компјутерска архитектура
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Објектно програмирање
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Просторни информациски системи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Основи на економија
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Основи на информатика
    Изборен

    6 ЕКТС

3 семестар

  • Компјутерски мрежи 1
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Компјутерски анимации
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Безбедност на компјутерски системи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Софтверско инженерство
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Развој на ГИС системи
    Изборен

    6 ЕКТС

4 семестар

  • Бази на податоци
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Оперативни системи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • WEB дизајн
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Дизајн на корпоративен идентитет
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Основи на менаџмент
    Изборен

    6 ЕКТС

5 семестар

  • Компјутерски мрежи 2
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Интернет технологии
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Основи на интелигентни системи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Информатичка етика
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Безбедност на компјутерски системи
    Изборен

    6 ЕКТС

6 семестар

  • Проектна работа
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Напредно проектирање компјутерски мрежи
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Интеракција човек – компјутер
    Задолжителен

    8 ЕКТС

  • Безжични и мобилни технологии
    Изборен

    6 ЕКТС

  • Логичко дизајнирање на информациони системи
    Изборен

    6 ЕКТС

Услови
за упис

Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.

Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).

Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Документи
за упис

При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  •   Диплома за положена државна или меѓународна матура;
  •   Свидетелства од сите 4 години;
  •   Копија од извод од матична книга на родените;
  •   Копија од државјанство;
  •   4 мали фотографии во боја;

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.

Годишна
школарина

Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.

Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.

Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.

Постави
прашање

CAPTCHA image