Школарина на последипломски студии на Меѓународен Славјански Универзитет
Годишните трошоци за студирање на последипломски студии на Меѓународен Славјански Универзитет изнесуваат 1530 или 2030 евра во зависност од програмата и годината на студирање.
- Едногодишни студии: 2030 евра за сите едногодишни студиски програми;
- Двегодишни студии: 1530 евра за четвртата година (за сите студиски програми) и 2030 евра за петтата година.
Во сумите се вклучени годишна школарина, трошоци по ЕКТС и уписнина во висина од 40 евра.
Студентите немаат други дополнителни трошоци за запишување и заверка на семестар, испити, проектни активности и членство во библиотека, освен пријава за испит која чини 600 денари.
Едногодишни последипломски студии
Следниот ценовник се однесува за едногодишните студиски програми на:
- Факултетот за економија и организација на претприемништво – Маркетинг менаџмент, Менаџмент на човечки ресурси на мали и средни претпријатија,
- Факултетот за психологија – Клиничка и советодавна психологија, Психологија во социјалната заштита,
- Факултетот за правни науки – Административно право и јавна администрација, Граѓанско право, Казнено право, Меѓународно право и меѓународни односи и Деловно право.
Годишна школарина - Едногодишни студии
за 9 и 10 семестар на последипломските студии-
Во сумата е вклучена годишна школарина од 1000 евра
-
Вклучена е и уплата по ЕКТС од 990 евра (60 кредити х 16,5 евра)
-
Вклучена е и уписнина од 40 евра
Двегодишни последипломски студии
Следниот ценовник се однесува за двегодишните студиските програми на:
- Факултетот за психологија – Клиничка и советодавна психологија, Психологија во социјалната заштита.
- Факултетот за технички науки и информатика – Софтверски технологии, Компјутерски системи и мрежи, Безбедност при работа и Управување со отпад.
Годишна школарина - двегодишни студии
за 7 и 8 семестар на последипломски студии-
Во сумата е вклучена годишна школарина од 1000 евра
-
Вклучена е и уплата по ЕКТС од 490 евра (60 кредити х 8,166 евра)
-
Вклучена е и уписнина од 40 евра
Годишна школарина - двегодишни студии
за 9 и 10 семестар на последипломски студии-
Во сумата е вклучена годишна школарина од 1000 евра
-
Вклучена е и уплата по ЕКТС од 990 евра (60 кредити х 16,5 евра)
-
Вклучена е и уписнина од 40 евра
Попусти и начини на плаќање:
Студентите можат да направат уплата директно на трансакциската сметка на МСУ, онлајн преку Е-индекс или директно во Службата за студентски прашања (само со картичка).
Понудени се попусти за различни категории студенти, како и опции за плаќање на рати. Годишните трошоци може да се платат на 4 рати.
Распоред на рати за 1530 евра:
- прва рата (420 евра) при упис
- втора рата (370 евра) до 15 декември
- трета рата (370 евра) до 15 февруари
- четврта рата (370 евра) до 10 јуни
Распоред на рати за 2030 евра:
- прва рата (530 евра) при упис
- втора рата (500 евра) до 15 декември
- трета рата (500 евра) до 15 февруари
- четврта рата (500 евра) до 10 јуни
За уплата на вкупните трошоци при уписот следува попуст од 10%. За останатите попусти и стипендиите Ве молиме посетете ја оваа страница.
Во вкупните трошоци за една година е вклучено:
- Индекс
- Запишување на семестар
- Заверка на семестар
- Пријавување на проектни активности (семинарски, есеи…)
- Потврди од секаков вид
- Сметка на Е-учење (бесплатни материјали и скрипти за предметите) и Е-индекс
- Членство во библиотека
- Документација за работа во странство како студент
- Трошоци за студентска организација
Трошоци за магистерски труд:
Вкупни трошоци: 18.500 денари
Во цената е вклучено:
Формирање комисија за одбрана
8300 денари
Издавање на диплома
3000 денари
Издавање на целосно уверение
1000 денари
Додаток на диплома
1500 денари
Објавување во билтен
2200 денари
Подготовка и печатење на 6 примероци
2500 денари
Дополнителни трошоци:
| Пријава за испит | 600 денари |
| Студентска легитимација | 600 денари |
| Дневник за пракса | 600 денари |
| Изгубен индекс | 1000 денари |
| Полагање диференцијален испит (за трансфер студенти) | 3000 денари |
| Ненавремено пријавување испит | 300 денари |
| Ненавремено заверување на семестар | 3000 денари |
| Предвремено подигнување на диплома | 3000 денари |
| Делумно уверение | 1000 денари |
| Издавање дупло уверение | 3000 денари |
| Додаток на диплома | 3000 денари |
| Издавање дупла диплома | 6000 денари |
| Повторно запишување на отпишан студент | 6000 денари |
| Комисиско полагање на предмет | 3000 денари |
| Преполагање на предмет | 3000 денари |
| Предвремено полагање на предмет | 3000 денари |
| Полагање на предмет во друг термин | 3000 денари |
| Полагање на предмет во ликвидациона (октомвриска и ноемвриска) сесија | 3000 денари |
Постави прашање
