Студентски кредит
Благодарение на долгогодишната соработка помеѓу двете институции Меѓународен Славјански Универзитет и ПроКредит Банка ја претставуваат новата опција за студентски кредит за покривање на трошоците за студирање. Со целосно онлајн апликација очекувајте брза услуга, без чекање во ред на шалтер.
Кредитниот производ има за цел да ви обезбеди финансиска поддршка и стабилност во текот на вашите студии при што ви помага лесно да ги покриете трошоците за школарина.
Со искористување на студентскиот кредит, имате можност целосно да се посветите на вашите студии и академски достигнувања, без да се грижите за финансиските обврски. Кредитот е структуриран со флексибилни услови и поволни каматни стапки, со цел да ви овозможи лесна отплата во текот на студиите.
Можете да аплицирате за покривање на годишните трошоци за студирање за една, две, три или четири години на Меѓународен Славјански Универзитет.
Брзо аплицирање, целосно онлајн
Детали за кредитот
- Рок на кредит: 84 месеци
- Каматна стапка: од 5,5% фиксна за целиот период
- Провизија на исплата 0,5% (истата може да биде вкалкулирана во кредитот)
За студенти потребно е еден од родителите да е потписник на кредитот.
Аплицирајте онлајн
За да отпочне кредитното барање потребно е да ја пополните оваа кратка електронска форма.
Откако ќе ја пополните онлајн формата, на следнава е-маил адреса krediti@msu.edu.mk треба да доставите:
- Лична карта од кредитобарателот
- Пополнета и потпишана апликација за кредит (треба да биде пополнета со име, презиме матичен број и контакт информации)
По поднесувањето на онлајн барањето, ќе бидете контактирани од нашите служби со понатамошни инструкции за апликацијата за кредитот.
За дополнителни прашања можете да се обратите на Слаѓана Митревска на +389 78 308 597.
Дополнителни бенефиции
За сите студенти до 25 години следува отварање на сметка во пакетот ProYOUng со кој целосното работење со банката е бесплатно.
Дополнително во промотивниот период од 15.05.2024, секој ProYOUng клиент кој за првпат ќе аплицира за дебитна картичка ProYOUng, добива гратис 6 месечна-претплата на Spotify Premium. Кампањата ќе трае до истек на количините.
Со аплицирање за ProYOUng картичка студентите до 25 години добиваат:
- Mastercard дебитна картичка
- Бесплатна мобилна апликација и електронско банкарство за управување со средствата онлајн
- Send to friend – трансфер кон пријател од телефонски именик
- Mobile wallet – плаќање со смарт телефон
- 3 бесплатни месечни повлекувања на денари на банкомати на сите банки во земјата
- Неограничени бесплатни плаќања кон сите банки
- Неограничени бесплатни уплати и исплати во денари и евра на банкомати на ПроКредит Банка во Зони 24/7
- Flexsave штедна сметка со највисока камата на пазарот
- Бесплатни СМС известувања
- Денарски и девизни платежни сметки
- Гратис 6 месечна претплата на Spotify Premium
Повеќе информации за ProYOUng има на следниот линк.