Студиска програма Маркетинг менаџмент (стара програма)

Едногодишни студии
Име на студиската програма: Маркетинг менаџмент
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: академски, последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 7
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по Маркетинг менаџмент
Годишна школарина: 1530 евра
Маркетинг менаџментот е областа од менаџментот која се занимава со истражување и задоволување на потребите на клиентите, преку развивање на производите и услугите што ги нуди компанијата и нивно прилагодување на барањата на пазарот. Како негови неизоставни делови се јавуваат планирањето, одредувањето на цената, рекламирањето, промоцијата и дистрибуцијата.
На студиската програма Маркетинг менаџмент ќе научите за цврстите и нераскинливи врски кои постојат во праксата помеѓу маркетингот и однесувањето на потрошувачите, човечките ресурси, информатичките системи, бизнис комуникациите и стратешкиот менаџмент. Студиите се последипломски, со траење од една година (4+1) или 60 ЕКТС кредити. Услов за упис е студентот да има завршено високо образование при кое се има стекнато со 240 ЕКТС.
 
                Последипломски студии
Овде, како иден маркетинг менаџер, ќе научите како да ги развивате и менаџирате секојдневните релации што се воспоставуваат помеѓу клиентите, конкуренцијата, партнерите, добавувачите и останатите учесници во процесот на продажба.
Ќе научите како да ги идентификувате маркетинг можностите, да изработувате маркетинг план за искористување на тие можности и да го реализирате маркетинг планот преку соодветните маркетинг стратегии во клучните подрачја како производ, цена, промоција и дистрибуција. Ќе можете да водите успешна политика на развој на нови производи, или иновирање на веќе постоечките.
Во рамките на едногодишните студии се опфатени 7 предмети кои студентите треба да ги положат. Од понудените 6 изборни предмети, студентите избираат само 2.
По завршувањето на студиите и подготовката на магистерскиот труд се стекнувате со стручен назив Магистер по Маркетинг менаџмент.
Програма едногодишни студии
9 семестар
- 
							Теорија на маркетингЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Маркетинг менаџментЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Однесување на потрошувачиЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Политика на цениИзборен6 ЕКТС 
- 
							Организациски менаџментИзборен6 ЕКТС 
- 
							Меѓународен менаџментИзборен6 ЕКТС 
- 
							Политика на производ и промоцијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Маркетинг логистикаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Корпоративно управувањеИзборен6 ЕКТС 
10 семестар
- 
							Методологија на научно истражувачка работаЗадолжителен6 ЕКТС 
- 
							Магистерски трудЗадолжителен24 ЕКТС 
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.


