Трансфер
на студенти

Меѓународен Славјански Универзитет овозможува преминување, односно трансфер на студенти од други универзитети на МСУ. Исто така, дозволено е и трансфер помеѓу самите факултети на МСУ.

Конкурсот за трансфер се објавува двапати годишно:

  • пред почеток на зимски семестар
  • пред почеток на летен семестар

Право на трансфер имаат сите студенти од други факултети од Република Северна Македонија и странство. Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.

Како да
направите трансфер

Пред трансферот треба да доставите Уверение за положени испити од претходниот факултет. Потоа, деканот ќе го разгледа уверението и ќе бидете информирани колку од испитите кои сте ги положиле на претходниот факултет може да Ви бидат признаени.

Зависно од бројот на испити што ги имате положено и од тоа колку програмата по која дотогаш сте студирале се совпаѓа со нашата, се определува кои предмети се признаваат и во која година од студиите ќе бидете запишани.

При трансферот веројатно ќе има испити од нашата програма кои ќе треба да ги дополагате (диференцијални испити). Истите испити ќе можете да ги полагате во некоја од нашите испитни сесии (редовни и вонредни), во однапред определената учебна година. За полагање испити од претходните студиски години се доплаќа по 3000 денари (еднократно). Доколку не положите од првпат, не плаќате повторно, туку го задржувате правото да го полагате испитот уште двапати. Студентот има обврска да ги положи предвидените предмети пред почетокот на следната учебна година, односно заклучно со први октомври во наредната учебна година.

Колку ЕКТС кредити
се потребни за трансфер?

  • Доколку има компатибилни предмети со 30 ЕКТС кредити или помалку во една студиска програма на МСУ студентот може да направи трансфер во прва година на втор циклус студии. 
  • Доколку има компатибилни предмети од најмалку 31 ЕКТС кредити во една студиска програма на МСУ студентот може да направи трансфер во втора година (само за двегодишни студии) на втор циклус студии.

Школарина
за трансфер студенти

За сите студенти школарината е еднаква, па така за студентите кои се префрлаат од други универзитети важат истите правила. Школарината е еднаква и за редовните и вонредните студенти, а плаќате школарина само за годините во кои ќе студирате

Нудиме можности за плаќање на рати и попусти за плаќање на целокупната школарина пред почетокот на годината. Истите поволности кои важат за другите студенти, важат и за студентите кои прават трансфер. За дополнителни попусти и бенефиции, проверете ја страницата наменета за школарина или стипендии.

Потребни документи
за трансфер

При пријавувањето за трансфер на втор циклус на студии, кандидатите ги поднесуваат следните документи:

  • Исписница од претходниот факултет или Уверение за положени испити;
  • Диплома за завршен прв циклус на студии (кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
  • Уверение за положени испити (од прв циклус);
  • Извод од матична книга на родените;
  • Лична карта (на увид);
  • Фотокопија од државјанство и
  • 4 мали фотографии во боја

Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.

Постави
прашање

CAPTCHA image