Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии (кандидатите кои се стекнале со дипломи во странство претходно треба да спроведат процедура за нивно нострифицирање во Министерството за образование и наука на Република Северна Македонија);
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Лична карта (на увид);
- Фотокопија од државјанство и
- 4 мали фотографии во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 или во Битола на ул. „Новачки пат“ бр. 16.
За подетални информации занитересираните кандидати можат да се обратат на следниов меил: info@msu.edu.mk или на еден од следниве телефонски броеви:
- +389 32 440 202, +389 32 440 330 – кампус Св. Николе
- +389 47 222 503, +389 47 238 077 – кампус Битола