Студиска програма Безбедност при работа
Двегодишни студии
Име на студиската програма: Безбедност при работа
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 2 години (четири семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 180 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 16 (вклучувајќи магистерски труд и стручна пракса)
ЕКТС кредити на програмата: 120
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер за безбедност при работа
Годишна школарина: 1230 евра за четвртата година, 1730 евра за петтата година
Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во работните средини, како се препознаваат и како се елиминираат.
Целта на заштитата при работа е да се создадат сигурни работни услови за спречување на повредите на работното место, професионалните заболувања и несреќите, односно смалување на можните штетни последици доколку опасноста не може да се отстрани комплетно.
Последипломски студии
Упис на двегодишни студии (3+2) можат да направат студенти кои при студирањето се стекнале најмалку со 180 ЕКТС. Во рамките на двегодишните студии се опфатени 16 предмети кои студентите треба да ги положат.
Во секој семестар има задолжителни и изборни предмети. Од понудените два изборни предмети, студентите избираат само еден. Дополнително, во наставата е вклучено и изготвување и одбрана на магистерски труд.
По завршувањето на студиите и подготвувањето на магистерскиот труд студентот се стекнува со стручен назив Магистер за безбедност при работа.
Програма двегодишни студии
7 семестар
-
Безбедносно инженерствоЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Доверливост и безбедност на системиЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Безбедност во технолошки системиЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Егрономско проектирањеИзборен
6 ЕКТС
-
Комфор на работна срединаИзборен
6 ЕКТС
8 семестар
-
Безбедност на машиниЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Организација на работа и безбедност при работаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Информатички технологии во безбедност при работаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Академско пишувањеИзборен
6 ЕКТС
-
Инженерска психологијаИзборен
6 ЕКТС
9 семестар
-
Проектирање и менаџмент со системи за безбедност при работаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Законска регулатива за безбедност при работаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Менаџмент на одржувањеЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Методологија и научна теоријаИзборен
6 ЕКТС
-
Организациски менаџментИзборен
6 ЕКТС
10 семестар
-
Стручна праксаЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Магистерски трудЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Енергетска ефикасностЗадолжителен
8 ЕКТС
-
Менаџмент на проектиИзборен
6 ЕКТС
-
Менаџмент на човечки ресурси за безбедност при работаИзборен
6 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии) или 180 ЕКТС (завршени тригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од:
- 1230 евра за четвртата година и
- 1730 евра за петтата година.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.