Студиска програма Безбедност при работа

Тригодишни студии
Име на студиската програма: Безбедност при работа
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: инженер по безбедност при работа
Годишна школарина: 1230 евра
Под безбедност при работа се подразбира превентивно применување на одредени мерки и прописи што се однесуваат на безбедноста на човековото здравје во работната средина. На овој факултет ќе научите кои се можните опасности по човековото здравје во работните средини, како се препознаваат и како се елиминираат.
Целта на заштитата при работа е да се создадат сигурни работни услови за спречување на повредите на работното место, професионалните заболувања и несреќите, односно смалување на можните штетни последици доколку опасноста не може да се отстрани комплетно.
 
                Додипломски студии
На оваа студиска програма студентите прво се запознаваат со правните основи на безбедноста при работа кои се однесуваат на заштита од општите права на работниците, заштита на права во процесот на работа, а се стекнуваат и со знаење од областа на организација на заштита при работа и управување со заштитата при работа.
Исто така, студентите учат за штетните агенси во животната средина кои делуваат на човечкото здравје, механизмите на нивното дејствување и стратегија за борба против нивното штетно дејство.
Понатаму, во програмата е предвидено стекнување на знаења околу основните законитости на термодинамичките процеси со цел да се заштити работната и животната средина, усвојување на знаења за процесите на развојот на техничките системи како и техничките системи за заштита на работникот, материјалните добра и безбедноста на работната и животната средина.
Студиите се во траење од три години, а по дипломирањето студентите се стекнуваат со 180 ЕКТС.
Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.
Програма тригодишни студии
1 семестар
- 
							МатематикаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Основни параметри за работната срединаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Правни основи за безбедност при работаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							ЕлектротехникаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Руски јазикИзборен6 ЕКТС 
2 семестар
- 
							Техничка механикаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							ТермодинамикаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							ТермопостројкиЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Механика на флуидиИзборен6 ЕКТС 
- 
							Основи на економијаИзборен6 ЕКТС 
3 семестар
- 
							Основи на заштитни системиЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Процена на безбедност на работно местоЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Постројки и инсталации под притисокЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Менаџмент на природни ресурсиИзборен6 ЕКТС 
- 
							Енергетика и опкружувањеИзборен6 ЕКТС 
4 семестар
- 
							Теорија на системи и ризикЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Статистика и обработка на податоциЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Индикатори за квалитетна работна срединаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Социјална екологијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Основи на менаџментИзборен6 ЕКТС 
5 семестар
- 
							Ризик од опасни материјалиЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Ризик од механички дејствијаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Заштита од бучава и вибрацииЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Англиски јазикИзборен6 ЕКТС 
- 
							Индустриска екологијаИзборен6 ЕКТС 
6 семестар
- 
							Безбедност на опрема и производиЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Заштита при транспорт и складирањеЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Ергономија на работно местоЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Мониторинг на животна срединаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Менаџмент на професионален ризикИзборен6 ЕКТС 
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1230 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.


