Студиска програма Софтверски технологии

Тригодишни студии
Име на студиската програма: Софтверски технологии
Факултет: Факултет за технички науки и информатика
Тип на студии: додипломски (прв циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Студентски статус: редовен или вонреден
Времетраење на студиите: 3 години (шест семестри)
Вкупно предмети: 24
Вкупно ЕКТС: 180
Стручен назив: дипломиран по (насока: Софтверски технологии)
Годишна школарина: 1530 евра
Софтверските технологии се однесуваат на дизајнирање, развивање и користење комплексни информатички системи. Програмирањето, компјутерското и софтверското инженерство се еднакво акцентирани во наставата и преку низа практични вежби и задачи ќе можете да добиете познавања од овие области.
Од системите се очекува да функционираат правилно во секое време и да бидат флексибилни. Токму овде настапува Вашата кариера како дипломец од студиската програма Софтверски технологии.
 
                Додипломски студии
Предметите ги запознаваат студентите со основните концепти на програмирање и алгоритамски начин на размислување за решавање на проблеми, архитектурата на компјутерските системи и начинот на нивното функционирање, начини на реализирање ГИС проекти, веб дизајн… Студиите се во траење од три години, а по дипломирањето студентите се стекнуваат со 180 ЕКТС кредити.
Генерално, студиската програма ги подготвува студентите за кариерата како софтверски инженери или софтверски архитекти во контекст на софтверското инженерство. Притоа, со помош на домашни задачи, студентите ќе имаат можност да ги вежбаат научените работи и да се усовршуваат. Ќе знаат како се креираат компоненти и како се употребуваат во софтверскиот развој.
Во рамките на тригодишните студии се опфатени 24 предмети кои студентите треба да ги положат. Во секој семестар има по 3 задолжителни и 2 изборни предмети. Од можните 2 изборни предмети, студентите избираат само 1.
Програма тригодишни студии
1 семестар
- 
							Основи на програмирањеЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Апликативни програмиЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							МатематикаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Алгоритми и структура на податоциИзборен6 ЕКТС 
- 
							Англиски јазикИзборен6 ЕКТС 
2 семестар
- 
							Компјутерска архитектураЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Објектно програмирањеЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Просторни информациски системиЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Основи на економијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							СтатистикаИзборен6 ЕКТС 
3 семестар
- 
							Создавање на ВЕБ сајтовиЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Софтверско инженерствоЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Анализа на софтверски потребиЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Ергономија на работно местоИзборен6 ЕКТС 
- 
							Компјутерски мрежиИзборен6 ЕКТС 
4 семестар
- 
							Интернет технологииЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Управување со IT проектиЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Софтверска ергономијаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Безбедност на компјутерски системиИзборен6 ЕКТС 
- 
							Основи на менаџментИзборен6 ЕКТС 
5 семестар
- 
							Интернет програмирањеЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Бази на податоци 1Задолжителен8 ЕКТС 
- 
							Конструкција на софтверЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Оперативни системиИзборен6 ЕКТС 
- 
							Компјутерска графикаИзборен6 ЕКТС 
6 семестар
- 
							Проектна работаЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Визуелно програмирањеЗадолжителен8 ЕКТС 
- 
							Бази на податоци 2Задолжителен8 ЕКТС 
- 
							Вештачка интелигенцијаИзборен6 ЕКТС 
- 
							Информатичка етикаИзборен6 ЕКТС 
Услови за упис
Право на запишување на прв циклус на студии имаат кандидатите со завршено четиригодишно средно образование во државата или во странство со положена државна или меѓународна матура.
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети, дипломирани лица и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за положена државна или меѓународна матура;
- Свидетелства од сите 4 години;
- Копија од извод од матична книга на родените;
- Копија од државјанство;
- 4 мали фотографии во боја;
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Прилепска“ бр 90А.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца или повеќе студенти од исто семејство одобруваме попуст од 20% за секој член, како и 20% за бранители.
Максималниот попуст не може да изнесува повеќе 20% од вкупните трошоци за студирање. Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.


