Чекор 1:
Истражете

  • Разгледајте ја нашата веб страница и одберете го факултетот кој Ви се допаѓа.
  • Проучете како факултетот на кој сакате да се запишете ќе го надополни и унапреди Вашиот професионален живот.
  • Дали професијата која ја одбирате е онаа која сакате да ја работите?
  • Посетете нè, разговарајте со нашите вработени, бидете сигурни дека сте чекор поблизу до живеењето на Вашата визија!

Чекор 2:
Подгответе се

Доколку студиската програма која ја одбравте Ве води кон професијата од Вашите соништа, тогаш сторете нешто во врска со тоа! Откако ги собравте сите потребни информации, време е за:

Чекор 3:
Направете упис

Сега, кога веќе сè Ви е подготвено, можете да дојдете во нашите кампуси и да извршите упис или да поднесете апликација онлајн.

Слободно можете да дојдете заедно со Вашите родители или пријатели, да поразговарате со нашите вработени од Центарот за кариера за да бидете сигурни дека сте на вистинскиот пат.

Брзо аплицирање, целосно онлајн

Чекор 4:
Искористете ги предностите

На почетокот на секоја академска година традиционално се одржува прв академски час и свечено врачување на индекси во Свети Николе и Битола.

Тоа е одлична прилика да ги запознаете Вашите нови колеги! Настанот е отворен за сите, па така и вашите родители и пријатели се добредојдени.

Како студент на Меѓународен Славјански Универзитет ќе имате пристап до бројни ресурси и поддршка кои ќе Ви помогнат во Вашиот академски и професионален развој.

Вклучете се во студентското здружение, учествувајте во работилници и проекти и искористете ги можностите за пракса и вмрежување. Вашето образование е инвестиција во Вашата иднина и ние сме тука да Ве поддржиме на секој чекор од Вашиот пат.

 

Постави
прашање

CAPTCHA image