Студиска програма Менаџмент на човечки ресурси на мали и средни претпријатија (стара програма)
Едногодишни студии
Име на студиската програма: Менаџмент на човечки ресурси на мали и средни претпријатија
Факултет: Факултет за економија и организација на претприемништво
Тип на студии: академски, последипломски (втор циклус)
Локација: во Свети Николе или Битола
Времетраење на студиите: 1 година (два семестри)
Услов за упис: стекнати најмалку 240 ЕКТС кредити
Вкупно предмети: 6
ЕКТС кредити на програмата: 60
ЕКТС по завршувањето: 300
Стручен назив: Магистер по организациски науки (студиска програма Менаџмент на човечки ресурси)
Годишна школарина: 1530 евра
На студиската програма Менаџмент на човечки ресурси ќе научите да „направите место“ за современите модели на управување, кои се пофлексибилни, попрактични и секако, похумани. Студиите се последипломски, со траење од една година (4+1) или 60 ЕКТС кредити. Услов за упис е студентот да има завршено високо образование при кое се има стекнато со 240 ЕКТС.
Менаџментот на човечки ресурси може да биде дефиниран како менаџирање на работата и луѓето со цел да се постигнат саканите резултати. Ова е клучен дел од секоја организација и овде на исто мерило се ставаат високите перформанси на луѓето вклучени во организацијата, како и целите на истата.
Последипломски студии
Во современите организации, од сите основни ресурси (суровини, машини, капитал, луѓе) акцентот свесно се става на луѓето. Менаџментот на човечките ресурси е комплексен процес, тесно испреплетен со други аспекти во бизнисот и е стратешки партнер во придонесот за реализација на поставените цели.
Студиите ќе ви овозможат да стекнете знаење за разновидните активности и функции на менаџментот на човечки ресурси, да го планирате потребниот број и структура на вработените, да ги анализирате и обликувате работите и работните места, да ги придобивате, избирате и распоредувате вработените, како и да ги развивате потенцијалите на секој вработен.
Ќе знаете зошто мотивацијата во работата е важна и како се стимулира, зошто е важна организациската култура и нејзиното постојано унапредување и како се распоредува моќта во организацијата, зошто постојат и како треба да се организираат политичките процеси во неа.
Во рамките на едногодишните студии се опфатени 6 предмети кои студентите треба да ги положат. Од понудените 6 изборни предмети, студентите избираат само 2.
По завршувањето на студиите и подготовката на магистерскиот труд се стекнувате со стручен назив Магистер по организациски науки (студиска програма Менаџмент на човечки ресурси).
Програма едногодишни студии
9 семестар
-
Меѓународен менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Организациски менаџментЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Стратегиски менаџмент на човечки ресурсиЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Корпоративни финансииИзборен
6 ЕКТС
-
Организациски дизајн и промениИзборен
6 ЕКТС
-
Маркетинг менаџментИзборен
6 ЕКТС
-
Меѓународни пазари на трудИзборен
6 ЕКТС
-
Економија на јавен секторИзборен
6 ЕКТС
-
Корпоративно управувањеИзборен
6 ЕКТС
10 семестар
-
Методологија на научно истражувачка работаЗадолжителен
6 ЕКТС
-
Магистерски трудЗадолжителен
24 ЕКТС
Услови за упис
Право на запишување на втор циклус на студии имаат кандидатите со завршен прв циклус на студии со стекнати 240 ЕКТС (завршени четиригодишни студии).
Право на запишување имаат и студенти од други акредитирани факултети и странски државјани (регулирано со закон).
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Документи за упис
При пријавувањето за упис на втор циклус на студии кандидатите ги поднесуваат следните документи:
- Диплома за завршен прв циклус на студии;
- Уверение за положени испити;
- Извод од матична книга на родените;
- Фотокопија од лична карта;
- 4 мали слики во боја
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Меѓународен Славјански Универзитет во Свети Николе на ул. „Маршал Тито“ бр. 77 и во Битола на ул. „Новачки пат“ бр 16.
Годишна школарина
Кандидатите може да направат упис со самофинансирање на студиите во износ од 1530 евра (за една учебна година) во денарска противвредност.
Нудиме можности за плаќање на рати, а при плаќање на целокупниот износ на почетокот на академската година, студентите добиваат попуст од 10%. За студирање на двајца студенти од исто семејство одобруваме дополнителен попуст од 20% за секој член, за тројца или повеќе студенти од исто семејство по 25% за секој член, за студенти на МСУ кои од прв продолжуваат на втор циклус на студии 10%, како и 20% за бранители.
Сите информации за школарината можете да ги пронајдете овде, а информации за финансиска помош и достапните попусти можете да најдете овде.