Врз основа на Правилникот за изменување и дополнување на правилникот за формата и начинот и водење и содржина на матичната книга на запишани студенти и главната книга на дипломирани студенти (Сл. Весник на РМ 03/12) и Статутот на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Универзитет „Г. Р. Державин“ Свети Николе, Република Северна Македонија, Ректорската управа на ден 20.12.2019 година донесе одлука за трансфер и упис на студенти во учебната 2019/2020 година и го објавува следниот
Право на аплицирање имаат студенти кои истовремено студираат на повеќе студиски програми од различни специјалности и изучуваат дополнителни курсеви, студенти кои побрзо напредуваат во студиите, студенти кои ги продолжуваат студиите на друга високообразовна установа, ако високообразовната установа на која биле запишани престане да работи, студентите кои преминуваат од една на друга високообразовна установа, односно од едни на други студиски програми и насоки или во иста високообразовна установа и притоа ги користат погодностите на кредит системот, студенти кои ги продолжуваат студиите што ги прекинале под услови определени со статутот на високообразовната установа, странски студенти, како и студенти кои од оправдани причини не успеале да се запишат во матичната книга при првиот термин на затворањето.
Кандидатите се запишуваат како редовни или вонредни студенти со самофинансирање на студиите во износ од 500 евра (за една учебна година) во денарска противвредност односно 700 евра (за една учебна година) за Факултетот за Безбедносно инженерство, сметано по курс на НБРСМ на денот на уплатата. При плаќање на школарината однапред студентите добиваат попуст од 10 %.
Кандидатите се запишуваат без полагање на приемен испит.
Пријавување на кандидати – од 24.12.2019 до 31.01.2020 година
Донесување на прелиминарни одлуки за упис на кандидатот – до 05.02.2020 година
Донесување на конечни одлуки и запишување на кандидатите – по донесување на решение од страна на Министерството за образование и наука на РСМ.
При пријавувањето за упис на прв циклус на студии во учебната 2019/2020 година, кандидатите ги поднесуваат следните документи:
Документите за пријавување се поднесуваат во просториите на Приватната високообразовна установа Меѓународен Славјански Универзитет “Г. Р. Державин” Свети Николе, Република Северна Македонија во Свети Николе на ул. Маршал Тито бр.77 и во Битола на ул. Новачки пат бр. 16.